Наредната 2015 ќе биде година на конкурентност

Bez autora
Dec 23 2014

Стопанската комора на Македонија очекува наредната 2015 година да биде прогласена за година на конкурентност, а оваа бизнис-заедница особено ќе работи на посилно поврзување на компаниите од регионот. Извршниот директор на Стопанската комора на Македонија, Јелисавета Георгиева, на вчерашната прес-конференција посочи дека Комората ќе побара 2015 година да се прогласи за година на конкурентноста во Македонија, но и на поширокиот регион. Тоа ќе биде најавено на Генералното собрание на Асоцијацијата на балканските комори (АБК) што ќе се одржи во Скопје на 18 февруари идната година, кога воедно ќе ја одбележи 93-годишнината од своето основање. Сметаме дека сме во фаза кога во следните пет години треба да се работи на зголемувањето на конкурентноста на македонските производи. Тоа ќе го подигне нивото на конкурентноста на националната економија што на среден рок ќе овозможи одржлив економски раст и поголема вработеност, рече Георгиева.

Наредната 2015 ќе биде година на конкурентностСтопанската комора на Македонија очекува наредната 2015 година да биде прогласена за година на конкурентност, а оваа бизнис-заедница особено ќе работи на посилно поврзување на компаниите од регионот.

Извршниот директор на Стопанската комора на Македонија, Јелисавета Георгиева, на вчерашната прес-конференција посочи дека Комората ќе побара 2015 година да се прогласи за година на конкурентноста во Македонија, но и на поширокиот регион. Тоа ќе биде најавено на Генералното собрание на Асоцијацијата на балканските комори (АБК) што ќе се одржи во Скопје на 18 февруари идната година, кога воедно ќе ја одбележи 93-годишнината од своето основање.

„Сметаме дека сме во фаза кога во следните пет години треба да се работи на зголемувањето на конкурентноста на македонските производи. Тоа ќе го подигне нивото на конкурентноста на националната економија што на среден рок ќе овозможи одржлив економски раст и поголема вработеност“, рече Георгиева.

Според неа, Комората во првиот квартал од 2015 година ќе се заложи и за подобрување на соработката со Србија, Бугарија и со Хрватска. Србија е четвртиот надворешно-трговски партнер на Македонија и нашиот најголем партнер во регионот, Бугарија е на шестото место од земјите со кои Македонија има најголема трговска размена, а Хрватска е 13. надворешно-трговски партнер на земјава во првите десет месеци од 2014 година.

Комората оценува дека, како и годинава така и наредната, компаниите ќе успеат да се изборат за поголем пласман на нивните производи и на домашниот и на странските пазари.

„Тековната 2014 година беше исклучително тешка, а очекуваме и новата 2015 година да биде тешка. Податоците кои покажуваат зголемување на индустриското производство, на вкупната надворешно-трговска размена и на извозот се охрабрувачки сигнали дека македонските компании навистина добро се снаоѓаат, но и добро ќе се снајдат и во следната година“, рече Георгиева.

Нагласи дека ја охрабрува и добрата професионална комуникација на Стопанската комора со релевантните министерства и со Владата, која годинава вродила со плод. „Нашите конструктивни забелешки и заклучоци по одредени клучни закони за економскиот развој, како што се законите за финансиска дисциплина и за задолжница, беа прифатени. Поголем дел од нив беа инкорпорирани во законите, а очекувам така да биде и во претстојната година“, рече Георгиева.

Таа потенцира дека Комората на состанокот во Скопје ќе предложи формирање Конзорциум како меѓународно оперативно тело составено од претставници на министерствата за транспорт, царинските управи и стопанските комори на земјите-членки на АБК, со цел овозможување побрз проток на стоки и услуги долж коридорите 8 и 10 со седиште во Стопанската комора на Македонија. „Во првиот квартал од идната година ќе се заложиме и за отстранување на сите нетарифни бариери во рамките на ЦЕФТА-договорот, а во Скопје на 17 февруари ќе се одржи регионална конференција на тема: ’Прогресивно и ефикасно отворање на пазарот за јавни набавки на земјите-потписнички на ЦЕФТА-договорот‘, додека на 22 јануари Конференција за заеднички настап на македонски и турски компании во земјите од Северна Африка“, појасни Георгиева.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik